Friday, December 28, 2007

Подароци - За него и за мене

Нова година.
Време во годината резервирано за поклони.
Договорот е дека треба да ги ставиме поклоните под елка и да не ги отвараме до 1-ви.
Но, оваа година јас му купив еден поинаков поклон.

Машка и женска beta ili betta риба, аквариум, храна, некоја течност за прочистување на водата и заштита од "рибни" болести, сунгер за чистење на авариумот. Тоа е се што ми кажа тетката во PetSmart. Беше навистина многу љубезна.
И кажав што сакам, до колку пари и дека врска немам од чување на риби.
Ми помогна во изборот, ми одговори на моите "глупави" прашања.

"Колку пати треба да се хранат?"- 2 пати на ден, по 3-4 зрнца од специјалната храна за beta риби.
"Каква вода треба да ставам, има некоја специјална или од чешма?"- Од чешма.
"Како да го чистам и колку пати аквариумот?"- Со специјалниот сунгер што го купив, никако средство за чистење. Барем 2 пати неделно.
"Каде да ги чувам?" - Не на сонце, не многу блиску под светилка, да има растојание од барем едно метро, затоа што се создавале алги и ќе треба да го чистам стаклото на секои 24 часа инаку смрдело.

Мене ме фати страв да не ми умрат до 1-ви, па се договоривме денес после вечера да ги отвориме поклоните. Му реков дека тоа што го имам купено е расипливо. Неверувам дека поверува. :) Почна да погаѓа што би можело да биде. За малку и ќе погодеше.
Мислам дека го изненадив и тоа пријатно.
Знам колку многу ги сака рибите. Заради мене која сум алергична на милион работи, сигурно нема да може да чува куче или маче, ама затоа рибите не ми сметаат.

Сега смислуваме имиња. Дајте некој предлог за машко и женско име.
За тој чиј предлог ќе биде усвоен следува награда.???

Инаку уште одма да си кажам машкото е поубаво. Има многу долга и пуфлеста опашка, додека женското е многу обично. Ама не сакав да земам 2 машки. :)

А сега еве што добив јас на поклон. Ме погоди в срце. Токму нешто што ми треба за мојот блог рецепти. Сигурна сум дека на тие што го читаат тој блог им имаат здосадено моите сиви садови од Икеа. Тие ми беа едни од поубавите што ги имам, а немам многу. Ама затоа сега имам нов фаворит.

Така да ќе одморите очи од сивило, во нови прекрасни садови.
Многу си го сакам поклонот. Едвај чекам да зготвам нешто утре и да постирам нов рецепт. А како иде Нова Година, обавезно ќе има храна, и тоа многу. Само да не заборавам да сликам, како што најчесто ми се случува.
Еве да признаам дека му ѕиркам и во неговиот поклон. Цел ден ги гледам рибите што прават, па ако некоја забушава да плива, јас ќе и тропнам да ја разбудам.
Ех не прашав за тоа, најверојатно не смеам да ги вознемирувам премногу.
Знам дека тоа е вид на риба која е територијалец. Не и треба многу простор, ама сака да биде сама на тој простор што го има, не трпи други риби со неа.
Затоа и го земав тој аквариум кој е поделен на два дела, личи на вазна. Интересен ми е затоа што може да се намести на многу различни начини.

Е сега уште да смислиме каде да го ставиме аквариумчето.

1 comment:

Anonymous said...

Как дела? И кстати.. есть cупер предложение по порталу http://www.Pi7.ru и ...

Думаю вам понравится у меня.

[url=http://www.pi7.ru/soft/]Софт[/url]
[url=http://www.pi7.ru/main/133-povedenie-podrostkov-semya-deti.html]Поведение подростков[/url]
[url=http://www.pi7.ru/kino/25-skachat-kino-2012.html]Скачать, кино 2012[/url]