Пред некој викенд извадивме city pass и ги прошетавме музеите. Во некои од нив бев за прв пат. Не сум ти јас музеј личност. :)
Пуштете ме надвор, не ме затварајте внатре. Ок, де, може внатре, кога е надвор -30F.
Од аквариумот
Желкиве подолу не правеа тоа што вие би помислиле. Едната само се "возеше" на грбот на другата.
Од Планетариумот
Јас и тој. Колку само топлина зрачи... ц ц ц ц :)
Од Field Museum-от
На сликава подолу, имаш чувство како да си таму.
Препарирани птици.
Како се работи под радозналото око на посетителите.
Јас не би можела. Секоја чест.
И за крај рецепт на денот. :)
Во последно време многу експериментирам со храната. Ко демек учам да готвам. :)
Кога ќе ви останат 3-4 банани, а не знаете што да ги правите. Знаете на што мислам, кога ќе добијат кафеава боја и не се баш многу свежи...
Banana Bread рецепт
3-4 банани, испасирани со вилушка
1/3 cup (околу 125гр) изматен маргарин (Јас го растопам пола и полесно се пасира со вилушка)
3/4 cup шеќер
1 изматено јајце
1 пакетче ванила
1 прашок за печење (baking soda)
малку сол
1 1/2 cup брашно
За овој рецепт не ви е потребен миксер. (Кој јас сеуште го немам. Као ако го имам многу ќе се здебелиме. Па сега барам и готвам само рецепти без миксер. Ама наскоро ќе си купам.)
Загрејте ја рерната на 350F (Не знам во степени Целзиусови сега во моментов, ми треба конвертор :)). Со дрвена лажица измешајте го маргаринот со претходно испасираните банани во подлабок сад. Додајте го јајцето, шеќерот, ванилата, прашокот за пециво и солта. Најпосле додајте го брашното и се добро измешајте. Истурете ја смесата во 4x8 inch голем сад. Печете околу 1 час.
Многу е вкусно. Посебно во саботно утро со кафе.
Направете па кажете. Еве како изгледаше мојот.
Пријатен апетит.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
1 comment:
А вообще, не зря блогоньюс считается местом сбора всего самого интересного. [URL=http://blogonews.net]Интересное онлайн[/URL] - несомненно правильное название для этого ресурса.
Post a Comment