Friday, March 27, 2009

Време беше да се јавам

Да се јавам на кратко.
Повеќе од година дена ме нема ништо да напишам.
Многу нови работи се случија во меѓувреме.
1. Се запишав на постдипломски студии на DePaul University- Chicago. Отсек Computer Science.
Досега земав 4 испити. Со оглед на тоа колку други обврски имам, читај понатаму... задоволна сум како течат работите. Во некој друг пост споредба помеѓу факултетите, наставата, професорите, односот...Многу поразлично од кај нас.
2. Во Фебруари 2008 на одмор во Доминиканска Република. Незаборавно... Јас трудна 3 месеци, неможев да уживам во нивните егзотични пијалоци, ниту да јадам било што освен кашкавал и бели пецива, ама затоа се изнапливав и за оваа година. Ќе ме држи некое време... хаха.
3. Во Септември се роди М. и ни го разубави животот... го смени скроз... Прекрасно е. Иако се немам отспиено повеќе од 2 саати на ден, не се жалам.



4. После само 7 недели породилно ... да, да, само толку, добро читате... се вратив на работа.
5. Во декември сменив работа. Новата компанија многу поголема, повеќе можности за напредок... но и повеќе одговорност и повеќе рокови, проекти... ама пак не се жалам. Денот поминува за час.
6. Не ми текнува ништо друго... ах да. Се трудам да се вратам на старата линија од пред пораѓај, но тешко ми оди. Не се откажувам...
Повеќе кога ќе најдам време.

Saturday, January 12, 2008

Каде патуваат парите?

Дали користите кеш?



Јас ретко. Во време на кредитни и дебитни картички, кеш ретко и да гледам. Платата директно иде во банка, чек добивам, во него гледам само колку слободни денови имам акумулирано до сега и толку. Денес го барам последнот чек и неможам да го најдам, сватив дека го имам заборавено на биро, отворен. Се надевам дека нема некој да ги злоупотреби податоците од таму, искрено се надевам. Како можев да го заборавам?
Да беше вистински чек не верувам дека ова ќе се случеше, но овој е само извештај.

Каде користам кеш?
Само во црква, каде одам еднаш неделно.

А каде е Џорџ?
Беше кај мене пред некое време. Од кај мене заврши кај колега од работа, кому му должев долар.
По колку милји за една година патува еден долар?
Ете некој и на ова се сетил, па направил сајт каде ентузијасти ги следат парите кои некогаш биле во нивни џеб.

Friday, December 28, 2007

Подароци - За него и за мене

Нова година.
Време во годината резервирано за поклони.
Договорот е дека треба да ги ставиме поклоните под елка и да не ги отвараме до 1-ви.
Но, оваа година јас му купив еден поинаков поклон.

Машка и женска beta ili betta риба, аквариум, храна, некоја течност за прочистување на водата и заштита од "рибни" болести, сунгер за чистење на авариумот. Тоа е се што ми кажа тетката во PetSmart. Беше навистина многу љубезна.
И кажав што сакам, до колку пари и дека врска немам од чување на риби.
Ми помогна во изборот, ми одговори на моите "глупави" прашања.

"Колку пати треба да се хранат?"- 2 пати на ден, по 3-4 зрнца од специјалната храна за beta риби.
"Каква вода треба да ставам, има некоја специјална или од чешма?"- Од чешма.
"Како да го чистам и колку пати аквариумот?"- Со специјалниот сунгер што го купив, никако средство за чистење. Барем 2 пати неделно.
"Каде да ги чувам?" - Не на сонце, не многу блиску под светилка, да има растојание од барем едно метро, затоа што се создавале алги и ќе треба да го чистам стаклото на секои 24 часа инаку смрдело.

Мене ме фати страв да не ми умрат до 1-ви, па се договоривме денес после вечера да ги отвориме поклоните. Му реков дека тоа што го имам купено е расипливо. Неверувам дека поверува. :) Почна да погаѓа што би можело да биде. За малку и ќе погодеше.
Мислам дека го изненадив и тоа пријатно.
Знам колку многу ги сака рибите. Заради мене која сум алергична на милион работи, сигурно нема да може да чува куче или маче, ама затоа рибите не ми сметаат.

Сега смислуваме имиња. Дајте некој предлог за машко и женско име.
За тој чиј предлог ќе биде усвоен следува награда.???

Инаку уште одма да си кажам машкото е поубаво. Има многу долга и пуфлеста опашка, додека женското е многу обично. Ама не сакав да земам 2 машки. :)

А сега еве што добив јас на поклон. Ме погоди в срце. Токму нешто што ми треба за мојот блог рецепти. Сигурна сум дека на тие што го читаат тој блог им имаат здосадено моите сиви садови од Икеа. Тие ми беа едни од поубавите што ги имам, а немам многу. Ама затоа сега имам нов фаворит.

Така да ќе одморите очи од сивило, во нови прекрасни садови.
Многу си го сакам поклонот. Едвај чекам да зготвам нешто утре и да постирам нов рецепт. А како иде Нова Година, обавезно ќе има храна, и тоа многу. Само да не заборавам да сликам, како што најчесто ми се случува.
Еве да признаам дека му ѕиркам и во неговиот поклон. Цел ден ги гледам рибите што прават, па ако некоја забушава да плива, јас ќе и тропнам да ја разбудам.
Ех не прашав за тоа, најверојатно не смеам да ги вознемирувам премногу.
Знам дека тоа е вид на риба која е територијалец. Не и треба многу простор, ама сака да биде сама на тој простор што го има, не трпи други риби со неа.
Затоа и го земав тој аквариум кој е поделен на два дела, личи на вазна. Интересен ми е затоа што може да се намести на многу различни начини.

Е сега уште да смислиме каде да го ставиме аквариумчето.

Tuesday, December 25, 2007

Мали нешта кои значат многу

Деновиве на работа, јадење, јадење и пак јадење...
Диета во Новата Година. :)
Имавме Potluck. Јас направив салата со печурки и пилешко. Секој носи по нешто од неговата кујна.

За време на забавата имавме интересна игра - White elephant gift exchange
Правилата беа вакви:
Секој носи по еден поклон кој треба да е добро запакуван.
Поклонот е нешто што сте го добиле вие некогаш на поклон, а всушност не го сакате.
Секој од "играчите" влече број, по кој редослед ќе бира поклон.
Поклоните...

1-виот играч избира поклон, го отвара и го покажува на сите. (За него има посебни правила, кои ќе ги кажам подолу)
Потоа 2-риот може да избира дали сака да му го земе поклонот од раце на 1-виот или да влече нов поклон.
И се така додека има играчи.
Еден поклон може да биде "украден" од рацете на друг играч до 3 пати.
На крај 1-виот играч бира од сите што сака да земе.
Откако секој си го искористил правото да си земе поклон, има лицитација кој сака да си го размени поклонот со некој друг, нормално треба да се согласат и двајцата.
Кај нас најголема борба се водеше околу една Cubs PEZ играчка.

Јас го извлеков ова

А на крај го заменив со ова. (Украс од Сингапур, што не го сакаше никој, а мене ми се виде доста интересен)


Е, да ќе заборавев да кажам дека на крај кога борбата е завршена, секој кажува што донел.
Јас нема да кажам што однесов, само ќе кажам дека беше еден вид украс.

...

Сега за нешто друго.
Кога некој ќе одвои малку време да подари нешто...
Од колегите:





Еве што им подарив јас. По еден интересен орнамент со пингвинчиња и нормално честитка.

Monday, December 24, 2007

Божиќ околу светот

Christmas around the world tradition.

Бевме, видовме и еве некои од поинтересните елки.
Ова мислам дека беше Јапонија-

Имаше елки и од Бивша Југославија.
Македонија ја барав и погодувате - Не ја најдов.
Србија имаше посебно катче со традиционална Божиќна вечера.
Словенија-

Босна и Херцеговина-

Хрватска-

Америка-

Имавме исти ваков орнамент на нашата елка кога бев дете.

Јужна Кореја-

Не се сеќавам-

Литванија-

И елката кај мене дома.


СРЕЌНИ БОЖИЌНИ И НОВОГОДИШНИ ПРАЗНИЦИ!

Wednesday, October 31, 2007

Halloween - најдобро декорирана врата

И пак победивме во најдобро декорирана врата. Ви текнува од лани?
Тема: The Pied Piper of Hamelin





На сликата како Pied Piper е нашиот CIO. Ви се верува ли дека човек на таква позиција се облече во тој костум и позираше, се заради забава и да не се двои од другите од департментот.

Директорката на HR департментот.


Јас како глушец.


Не, ова не сум јас. :)

Tuesday, October 16, 2007

Тоше Проески - Почивај во мир

Запалив свеќа и се помолив за тебе.