И пак победивме во најдобро декорирана врата. Ви текнува од лани?
Тема: The Pied Piper of Hamelin
На сликата како Pied Piper е нашиот CIO. Ви се верува ли дека човек на таква позиција се облече во тој костум и позираше, се заради забава и да не се двои од другите од департментот.
Директорката на HR департментот.
Јас како глушец.
Не, ова не сум јас. :)
Wednesday, October 31, 2007
Tuesday, October 16, 2007
Wednesday, October 10, 2007
Рецепти
Решив да отворам посебен блог, Моја Кујна каде ќе ги запишувам моите испробани рецепти.
Таму ќе се обидам да ставам рецепт и слика на тоа што го правам.
Не сум некој суперготвач, ама се трудам. :)
Идејата на блогот ми е, повремено да правам и нешто ново, најдено во книга или на интернет или од ТВ, да видам како ќе ми испадне, и да го забележам дали вреди да се прави и по втор пат или не. Сите се добредојдени за забелешки, за делење совети, коментари... ако некој тоа го прави поинаку може слободно да ми кажете, па може да го испробам вашиот рецепт.
Значи за рецепти на Мојата Кујна, овде ќе си остане се по старо.
Таму ќе се обидам да ставам рецепт и слика на тоа што го правам.
Не сум некој суперготвач, ама се трудам. :)
Идејата на блогот ми е, повремено да правам и нешто ново, најдено во книга или на интернет или од ТВ, да видам како ќе ми испадне, и да го забележам дали вреди да се прави и по втор пат или не. Сите се добредојдени за забелешки, за делење совети, коментари... ако некој тоа го прави поинаку може слободно да ми кажете, па може да го испробам вашиот рецепт.
Значи за рецепти на Мојата Кујна, овде ќе си остане се по старо.
Tuesday, October 9, 2007
И пак Чикаго
Трговски центар. Поглед од незнам кој спрат беше. :) | |
Сликано од Navy Pier. | |
Фонтана во Милениум Парк- The Crown Fountain | |
И ноќе. | |
Чудно засадени палми. Цело лето се на истото место. | |
За првпат бев во Six Flags. Да се биде дете на 30-тина години е супер. Што да ви кажам. Сакав уште и уште... Како мало дете. Уште што не заплачав кога си тргнавме. :) | |
Искрено, на почеток мислев дека ќе ми биде страв, голема висина, пад од 90 степени, свртена со главата надолу поголем дел од времето... Но, беше неверојатно искуство. Штета што не се осмелив порано да отидам таму. Ама од догодина, ќе се претплатам на сезонска карта. :) | |
Слика на ѕидот во дневната соба. | |
И мојата омилена продавница каде што ем купуваш, ем штедиш. (Последното како да не, ама ајде. :)). Една причина повеќе зошто го сакам Чикаго, е што има европски продавници и производи насекаде. Овде може да се најде и македонски ајвар, супа, вегета, бугарско сирење, ресани слични на нашите од Агроплод Ресен... |
Saturday, October 6, 2007
Holland - гратче во Michigan со холандски дух
Малку повеќе време ми требаше да седнам да ставам некој збор/слика за Holland од претходниот пост. Па еве нешто набрзина.
На враќање од Silver Lake фативме еден exit за кој мислевме дека може е вистинскиот за да отидеме до центарот, или до плажите... ама згрешивме. Не одведе во ќорсокак. Па ајде назад и некако го најдовме центарот. Мене ми изгледаше европски.
Во кафебарот каде што седнавме на кафе, фудбал, ама не амерички :). Персоналот беше многу љубезен. Им побаравме мапа од градот и ни дадоа една, каде ги имаа заокружено поинтересните места. Прво отидовме да ги видиме плажите. Работата беше само да се прошетаме низ градот едно 2 часа и да си одиме. Но, како да и одолееме на ваква плажа. :)
И плус времето се погоди сончево. И останавме едно 5 саати, т.е до крај на денот. :)
Пред да си тргнеме, седиме во кафебарот (истиот од каде ни ја дадоа мапата) и слушаме некој како зборува на македонски. Два пара, едните со дете, не одминаа и седнаа недалеку од нас. Смешно, сегде не има. :) А плус и ми изгледаа познати од негде, можеби од студентски денови, ама не ми текна.
Subscribe to:
Posts (Atom)