Thursday, September 13, 2007

Illinois-Indiana-Michigan викенд патување

За Labor Day продолжен викенд. Долгоочекуван...
Од многуте планови се одлучивме за оваа релација.



Идеално време на пристигнување 4 часа. Но, патот уствари траеше 6 часа.

Не ни пречеше, напротив. Тргнавме од дома негде околу 4pm а стигнавме таму околу 10pm или 11pm по нивно. Одевме во тој правец за прв пат, па нормално дека се потпревме на мапата. Прво помислив дека се загубивме, дека нешто не е во ред. Очекував езеро, туристи, осветлено место покрај езерото за прошетка... Наместо тоа, темница, густа шума, тесен пат, срни на патот, нигде ниту кола некоја да не размине ниту човек... Полициска кола не одмина во моментот кога на една неосветлена раскрсница се мислевме на каде да фатиме. Детална мапа од гратчето немавме. Имавме само до центарот, кој го одминавме без да приметиме дека тоа е центарот. :)
Среќа што возеше Тој инаку јас ќе испаничев сигурно. Се радував што не е зима и нема страв дека ќе заглавиме во некои снегови, од каде нема назад.

И токму кога мислевме дека се е загубено, наидовме на осветлен дел. Излеговме точно пред нашиот хотел.
Јас бев пресреќна, а верувам и Тој. Иако не рече ништо по цел пат откако излеговме од автопат, мислам дека и Тој се плашеше дека скоро е полноќ, а ние лутаме по некое патче во густа шума. Да не спомнам дека бевме прегладнети, оти брзавме да стигнеме да се пријавиме во хотелот и потоа да отидеме негде на вечера.

Ни се допадна хотелот. Дури и подобар отколку очекувавме. Набрзина оставивме се на сред соба и излеговме да бараме ресторан.

И изненадување! Се, освен една локална продавничка во која не предупредија дека затвараат за 5 минути, беше затворено. За јадење само некоја пица, знаете од тие што стојат под затворен сад под одредена температура за да бидат нон стоп топли. Не ми изгледаа примамливи на прв поглед. (Последниот ден се покажа дека сум грешка, беше ОДЛИЧНА. По некој локален домашен рецепт, печена во фурна... Мљац, мљац...) Зедовме пиво и чипсови некои и правец џакузи.
Му направивме едно игнор на No alcohol во џакузито... и се опуштивме.

Утрото не дочека сонце и поглед како овој , овој и овој, директ од нашата соба. Едно кафе набрзинка и правец на езеро.

Со ова чудо од педалина.. да, да, тоа е педалина :), го префрливме езерото (Silver Lake) од другата страна.

Атракции има многу на тоа мало туристичко место. Може да се изнајмат скутери на вода, педалини, чамци, да скијаш на вода, кајаци, кануа... Да се возиш низ песочните дини...



Ова е плажата. Прв пат во живот се сончав на песок со косина од 45 степени. Не се досадуваш, цело време ем си лежиш, ем си гледаш накај водата, не зјапаш во песокот.



Децата сурфаа со даска за песок. Ова незнам дали вака се вели, ама ајде, се разбираме. Некои трчаа по стрмнината и се фрлаа во езерото. Некои само шетаа по ситниот песок. Како да си во Египет...

Уште некоја слика.. 1, 2, 3, 4.


Наредниот ден отидовме од другата страна на гратчето, од страната која излегува на Michigan езерото. Познатиот Светилник во Silver Lake.


Кога подобро ќе рaзмислам секое едно вакво мало гратче има по еден светилник.
Поглед од внатре, од врвот , уште еден и уште еден.

Не се задржавме многу тука, само некои 2 саати. Водата беше поладна и имаше доста бранови. Пак се вративме на малото езерце, кое потсеќа на Дојран - некогаш, незнам каков е сега. Изнајмивме WaveRunner и заборавивме на времето.

За вечера отидовме во соседното гратче, на Мичиген езерото, со прекрасен поглед и многу добра чоколадна торта.



Ова сум јас во исчекување на зајдисонцето пред хотелот.


И та даааа...

И уште една.


Не ми замерувајте едноставно, само сакав да кренам нозе и да уживам.


На враќање свративме во Holland...Повеќе во наредниот пост.