Friday, July 6, 2007

La Fondue night

За Fondue се потребни двајца вљубени и многу кашкавал. :) Не е потребен никаков посебен повод за да една обична ноќ се претвори во романтика и ...

Садот за Fondue го купивме пред 3 месеци, ама никако да го пробаме. Па еве му дојде редот и нему. Заедно правевме се, јас го читав рецептот и тој тука мешаше прсти, вака - така, ги направи сите мерки, посебно тие околу виното :). Седнавме со винце в рака и уживавме во вака навидум едноставна ноќ, но излезе многу поинаква, посебна. Мислам до Fondue-то ќе да е. :)




И завршивме на балкон, со поглед кон ѕвездите и авионите, кои ги има на секоја минута...



***

Вака изгледа La Fondue ресторанот во кој ние обично одиме.



Има специјални маси, кои на средина имаат плоча која ја оддржува температурата цело време. Нa сликава порачавме специјалитет некој, заборавив како се вика, но знам дека се состои од неколку вида на зеленчук и месо, кои се "варат" по неколку минути во течноста која е нешто како проѕирна супа, само со вегета внатре :).

Келнерот - раката на сликата, само покажува како сето тоа се прави и ве остава сами, да се снаоѓате :).



***

И сега малку за Fondue-то.

La Fondue било популарно јадење во средината на 20-тиот век. Потекнува од Швајцарија како последица на барањето начин како да се искористи застарениот и стврднат кашкавал. Името доаѓа од францускиот збор fondre, што значи "да се стопи". Овој факт ме наведе да мислам дека јадењето потекнува од Франција, но благодарение на една познаничка од интернет ЈЈА, ја дознав вистината. :)
Мене омилени ми се Swiss cheese foundue и Strawberry fondue. Не е ни за чудење, за тие што ме познаваат подобро, оти јас "се давам" во кашкавал и сирење, а богами и чоколадо не одбивам. :)

Рецепт за Swiss cheese foundue:

1 парче лук,
180мл млеко,
450гр рендан кашкавал,
3 лажици брашно,
180мл суво бело вино,
малку мелен црн пипер,
малку мелен црвен пипер

Леб исечкан на коцки со дебелина од не повеќе од 2cm.
(Количината на леб е по потреба.)

Рабовите на Electric Fondue Pot се премачкуваат со лукчето. Се додава млекото. На многу ниска температура (околу 93Ц), млекото се загрева. Претходно измешан кашкавалот и брашното се додаваат во садот, со постојано мешање се додека кашкавалот не се стопи. Полека се додава виното. Температурата се подесува на Warm, или уште пониска од 93 степени. Се додадат црниот и црвениот пипер и јадењето е готово за макање.
Со специјалните вилушки што идат со садот, се боцка лепче и се мака во стопениот кашкавал. Уз тоа ви препорачуваме од белото суво вино на... незнам некое италијанско беше. Нема од Неготинското на Повардарие. :)

Незнам дали овие садови ги има во Македонија, ама може да заврши работа и некое подобро тенџере, се да се направи на тивок оган, а после да се послужи над свеќа која ќе го одржува топол кашкавалот да не се стврдне. (За ова ќе треба и малку фантазија, но внимавајте да не ја запалите куќата :))
Ммм...ммм..ммм за тие што сакаат кашкавал, ова е вистинско уживање.

Wednesday, July 4, 2007

4 Јули

Ден на огнометите во Америка. Најголемиот огномет во Чикаго е ноќта спроти 4 Јули. Ние го гледавме од Navy Pier.





Денес пикник во српски манастир. Илјадници луѓе, претежно млади, на едно место. 10-ка со кромид- промашување, но ја проголтавме некако.