Friday, December 28, 2007

Подароци - За него и за мене

Нова година.
Време во годината резервирано за поклони.
Договорот е дека треба да ги ставиме поклоните под елка и да не ги отвараме до 1-ви.
Но, оваа година јас му купив еден поинаков поклон.

Машка и женска beta ili betta риба, аквариум, храна, некоја течност за прочистување на водата и заштита од "рибни" болести, сунгер за чистење на авариумот. Тоа е се што ми кажа тетката во PetSmart. Беше навистина многу љубезна.
И кажав што сакам, до колку пари и дека врска немам од чување на риби.
Ми помогна во изборот, ми одговори на моите "глупави" прашања.

"Колку пати треба да се хранат?"- 2 пати на ден, по 3-4 зрнца од специјалната храна за beta риби.
"Каква вода треба да ставам, има некоја специјална или од чешма?"- Од чешма.
"Како да го чистам и колку пати аквариумот?"- Со специјалниот сунгер што го купив, никако средство за чистење. Барем 2 пати неделно.
"Каде да ги чувам?" - Не на сонце, не многу блиску под светилка, да има растојание од барем едно метро, затоа што се создавале алги и ќе треба да го чистам стаклото на секои 24 часа инаку смрдело.

Мене ме фати страв да не ми умрат до 1-ви, па се договоривме денес после вечера да ги отвориме поклоните. Му реков дека тоа што го имам купено е расипливо. Неверувам дека поверува. :) Почна да погаѓа што би можело да биде. За малку и ќе погодеше.
Мислам дека го изненадив и тоа пријатно.
Знам колку многу ги сака рибите. Заради мене која сум алергична на милион работи, сигурно нема да може да чува куче или маче, ама затоа рибите не ми сметаат.

Сега смислуваме имиња. Дајте некој предлог за машко и женско име.
За тој чиј предлог ќе биде усвоен следува награда.???

Инаку уште одма да си кажам машкото е поубаво. Има многу долга и пуфлеста опашка, додека женското е многу обично. Ама не сакав да земам 2 машки. :)

А сега еве што добив јас на поклон. Ме погоди в срце. Токму нешто што ми треба за мојот блог рецепти. Сигурна сум дека на тие што го читаат тој блог им имаат здосадено моите сиви садови од Икеа. Тие ми беа едни од поубавите што ги имам, а немам многу. Ама затоа сега имам нов фаворит.

Така да ќе одморите очи од сивило, во нови прекрасни садови.
Многу си го сакам поклонот. Едвај чекам да зготвам нешто утре и да постирам нов рецепт. А како иде Нова Година, обавезно ќе има храна, и тоа многу. Само да не заборавам да сликам, како што најчесто ми се случува.
Еве да признаам дека му ѕиркам и во неговиот поклон. Цел ден ги гледам рибите што прават, па ако некоја забушава да плива, јас ќе и тропнам да ја разбудам.
Ех не прашав за тоа, најверојатно не смеам да ги вознемирувам премногу.
Знам дека тоа е вид на риба која е територијалец. Не и треба многу простор, ама сака да биде сама на тој простор што го има, не трпи други риби со неа.
Затоа и го земав тој аквариум кој е поделен на два дела, личи на вазна. Интересен ми е затоа што може да се намести на многу различни начини.

Е сега уште да смислиме каде да го ставиме аквариумчето.

Tuesday, December 25, 2007

Мали нешта кои значат многу

Деновиве на работа, јадење, јадење и пак јадење...
Диета во Новата Година. :)
Имавме Potluck. Јас направив салата со печурки и пилешко. Секој носи по нешто од неговата кујна.

За време на забавата имавме интересна игра - White elephant gift exchange
Правилата беа вакви:
Секој носи по еден поклон кој треба да е добро запакуван.
Поклонот е нешто што сте го добиле вие некогаш на поклон, а всушност не го сакате.
Секој од "играчите" влече број, по кој редослед ќе бира поклон.
Поклоните...

1-виот играч избира поклон, го отвара и го покажува на сите. (За него има посебни правила, кои ќе ги кажам подолу)
Потоа 2-риот може да избира дали сака да му го земе поклонот од раце на 1-виот или да влече нов поклон.
И се така додека има играчи.
Еден поклон може да биде "украден" од рацете на друг играч до 3 пати.
На крај 1-виот играч бира од сите што сака да земе.
Откако секој си го искористил правото да си земе поклон, има лицитација кој сака да си го размени поклонот со некој друг, нормално треба да се согласат и двајцата.
Кај нас најголема борба се водеше околу една Cubs PEZ играчка.

Јас го извлеков ова

А на крај го заменив со ова. (Украс од Сингапур, што не го сакаше никој, а мене ми се виде доста интересен)


Е, да ќе заборавев да кажам дека на крај кога борбата е завршена, секој кажува што донел.
Јас нема да кажам што однесов, само ќе кажам дека беше еден вид украс.

...

Сега за нешто друго.
Кога некој ќе одвои малку време да подари нешто...
Од колегите:





Еве што им подарив јас. По еден интересен орнамент со пингвинчиња и нормално честитка.

Monday, December 24, 2007

Божиќ околу светот

Christmas around the world tradition.

Бевме, видовме и еве некои од поинтересните елки.
Ова мислам дека беше Јапонија-

Имаше елки и од Бивша Југославија.
Македонија ја барав и погодувате - Не ја најдов.
Србија имаше посебно катче со традиционална Божиќна вечера.
Словенија-

Босна и Херцеговина-

Хрватска-

Америка-

Имавме исти ваков орнамент на нашата елка кога бев дете.

Јужна Кореја-

Не се сеќавам-

Литванија-

И елката кај мене дома.


СРЕЌНИ БОЖИЌНИ И НОВОГОДИШНИ ПРАЗНИЦИ!

Wednesday, October 31, 2007

Halloween - најдобро декорирана врата

И пак победивме во најдобро декорирана врата. Ви текнува од лани?
Тема: The Pied Piper of Hamelin





На сликата како Pied Piper е нашиот CIO. Ви се верува ли дека човек на таква позиција се облече во тој костум и позираше, се заради забава и да не се двои од другите од департментот.

Директорката на HR департментот.


Јас како глушец.


Не, ова не сум јас. :)

Tuesday, October 16, 2007

Тоше Проески - Почивај во мир

Запалив свеќа и се помолив за тебе.

Wednesday, October 10, 2007

Рецепти

Решив да отворам посебен блог, Моја Кујна каде ќе ги запишувам моите испробани рецепти.
Таму ќе се обидам да ставам рецепт и слика на тоа што го правам.

Не сум некој суперготвач, ама се трудам. :)

Идејата на блогот ми е, повремено да правам и нешто ново, најдено во книга или на интернет или од ТВ, да видам како ќе ми испадне, и да го забележам дали вреди да се прави и по втор пат или не. Сите се добредојдени за забелешки, за делење совети, коментари... ако некој тоа го прави поинаку може слободно да ми кажете, па може да го испробам вашиот рецепт.

Значи за рецепти на Мојата Кујна, овде ќе си остане се по старо.

Tuesday, October 9, 2007

И пак Чикаго

















































Трговски центар. Поглед од незнам кој спрат беше. :)


Сликано од Navy Pier.


Фонтана во Милениум Парк- The Crown Fountain


И ноќе.


Чудно засадени палми. Цело лето се на истото место.


За првпат бев во Six Flags. Да се биде дете на 30-тина години е супер. Што да ви кажам. Сакав уште и уште... Како мало дете. Уште што не заплачав кога си тргнавме. :)


Искрено, на почеток мислев дека ќе ми биде страв, голема висина, пад од 90 степени, свртена со главата надолу поголем дел од времето... Но, беше неверојатно искуство. Штета што не се осмелив порано да отидам таму. Ама од догодина, ќе се претплатам на сезонска карта. :)


Слика на ѕидот во дневната соба.


И мојата омилена продавница каде што ем купуваш, ем штедиш. (Последното како да не, ама ајде. :)). Една причина повеќе зошто го сакам Чикаго, е што има европски продавници и производи насекаде. Овде може да се најде и македонски ајвар, супа, вегета, бугарско сирење, ресани слични на нашите од Агроплод Ресен...

Saturday, October 6, 2007

Holland - гратче во Michigan со холандски дух


Малку повеќе време ми требаше да седнам да ставам некој збор/слика за Holland од претходниот пост. Па еве нешто набрзина.


На враќање од Silver Lake фативме еден exit за кој мислевме дека може е вистинскиот за да отидеме до центарот, или до плажите... ама згрешивме. Не одведе во ќорсокак. Па ајде назад и некако го најдовме центарот. Мене ми изгледаше европски.

Во кафебарот каде што седнавме на кафе, фудбал, ама не амерички :). Персоналот беше многу љубезен. Им побаравме мапа од градот и ни дадоа една, каде ги имаа заокружено поинтересните места. Прво отидовме да ги видиме плажите. Работата беше само да се прошетаме низ градот едно 2 часа и да си одиме. Но, како да и одолееме на ваква плажа. :)

И плус времето се погоди сончево. И останавме едно 5 саати, т.е до крај на денот. :)


Пред да си тргнеме, седиме во кафебарот (истиот од каде ни ја дадоа мапата) и слушаме некој како зборува на македонски. Два пара, едните со дете, не одминаа и седнаа недалеку од нас. Смешно, сегде не има. :) А плус и ми изгледаа познати од негде, можеби од студентски денови, ама не ми текна.

Thursday, September 13, 2007

Illinois-Indiana-Michigan викенд патување

За Labor Day продолжен викенд. Долгоочекуван...
Од многуте планови се одлучивме за оваа релација.



Идеално време на пристигнување 4 часа. Но, патот уствари траеше 6 часа.

Не ни пречеше, напротив. Тргнавме од дома негде околу 4pm а стигнавме таму околу 10pm или 11pm по нивно. Одевме во тој правец за прв пат, па нормално дека се потпревме на мапата. Прво помислив дека се загубивме, дека нешто не е во ред. Очекував езеро, туристи, осветлено место покрај езерото за прошетка... Наместо тоа, темница, густа шума, тесен пат, срни на патот, нигде ниту кола некоја да не размине ниту човек... Полициска кола не одмина во моментот кога на една неосветлена раскрсница се мислевме на каде да фатиме. Детална мапа од гратчето немавме. Имавме само до центарот, кој го одминавме без да приметиме дека тоа е центарот. :)
Среќа што возеше Тој инаку јас ќе испаничев сигурно. Се радував што не е зима и нема страв дека ќе заглавиме во некои снегови, од каде нема назад.

И токму кога мислевме дека се е загубено, наидовме на осветлен дел. Излеговме точно пред нашиот хотел.
Јас бев пресреќна, а верувам и Тој. Иако не рече ништо по цел пат откако излеговме од автопат, мислам дека и Тој се плашеше дека скоро е полноќ, а ние лутаме по некое патче во густа шума. Да не спомнам дека бевме прегладнети, оти брзавме да стигнеме да се пријавиме во хотелот и потоа да отидеме негде на вечера.

Ни се допадна хотелот. Дури и подобар отколку очекувавме. Набрзина оставивме се на сред соба и излеговме да бараме ресторан.

И изненадување! Се, освен една локална продавничка во која не предупредија дека затвараат за 5 минути, беше затворено. За јадење само некоја пица, знаете од тие што стојат под затворен сад под одредена температура за да бидат нон стоп топли. Не ми изгледаа примамливи на прв поглед. (Последниот ден се покажа дека сум грешка, беше ОДЛИЧНА. По некој локален домашен рецепт, печена во фурна... Мљац, мљац...) Зедовме пиво и чипсови некои и правец џакузи.
Му направивме едно игнор на No alcohol во џакузито... и се опуштивме.

Утрото не дочека сонце и поглед како овој , овој и овој, директ од нашата соба. Едно кафе набрзинка и правец на езеро.

Со ова чудо од педалина.. да, да, тоа е педалина :), го префрливме езерото (Silver Lake) од другата страна.

Атракции има многу на тоа мало туристичко место. Може да се изнајмат скутери на вода, педалини, чамци, да скијаш на вода, кајаци, кануа... Да се возиш низ песочните дини...



Ова е плажата. Прв пат во живот се сончав на песок со косина од 45 степени. Не се досадуваш, цело време ем си лежиш, ем си гледаш накај водата, не зјапаш во песокот.



Децата сурфаа со даска за песок. Ова незнам дали вака се вели, ама ајде, се разбираме. Некои трчаа по стрмнината и се фрлаа во езерото. Некои само шетаа по ситниот песок. Како да си во Египет...

Уште некоја слика.. 1, 2, 3, 4.


Наредниот ден отидовме од другата страна на гратчето, од страната која излегува на Michigan езерото. Познатиот Светилник во Silver Lake.


Кога подобро ќе рaзмислам секое едно вакво мало гратче има по еден светилник.
Поглед од внатре, од врвот , уште еден и уште еден.

Не се задржавме многу тука, само некои 2 саати. Водата беше поладна и имаше доста бранови. Пак се вративме на малото езерце, кое потсеќа на Дојран - некогаш, незнам каков е сега. Изнајмивме WaveRunner и заборавивме на времето.

За вечера отидовме во соседното гратче, на Мичиген езерото, со прекрасен поглед и многу добра чоколадна торта.



Ова сум јас во исчекување на зајдисонцето пред хотелот.


И та даааа...

И уште една.


Не ми замерувајте едноставно, само сакав да кренам нозе и да уживам.


На враќање свративме во Holland...Повеќе во наредниот пост.